Син на несудениот македонски репрезентативец стана хит поради нашиот црвено-жолт дрес! (ВИДЕО)

Несудениот македонски репрезентативец Саша Огненовски го привлече вниманието во нашата земја како тренер на тимот Меркатур во Австралија и тоа поради неговиот син Лука.

Имено, за време на пресконференцијата по натпреварот против Мелбурн на прес-конференцијата се појави малиот Лука и тоа во македонскиот дрес, а видеото стана вирално.

Инаку, Огненовски кој има 47 години јануари 2009 година, откако не доби шанса во селекцијата на Австралија, ја прифати поканата од тогашниот македонски селектор Сречко Катанец

Иако отпатува на собирот во Анталија, тој не можеше да настапи против Молдавија бидејќи сè уште ја немаше добиено потребната дозвола за промена на спортското државјанство од ФИФА.