Каква мајсторија! Свртен со грб постигна спектакуларен гол со - петица! (ВИДЕО)

Англискиот фудбалер, Дом Балард, е сериозен кандидат за наградата „Пушкаш“ за најубав гол во годината, откако постигна спектакуларен погодок на вчерашниот натпревар меѓу Бирмингем и Бристол (2-2) во Чемпионшип лигата.

Тој во 85. минута, по еден центаршут во шеснаесетникот беше свртен со грб кон голот, но тоа воопшто не му пречеше да изведе мајсторија. Балард ја зафати топката со пета, а таа заврши директно во горниот агол од голот на Бирмингем. Голманот можеше само да гледа како топката завршува во мрежата. Со овој погодок Бристол поведе со 2-1 и се чинеше дека ќе ги освои трите бода.

Бирмингем, сепак, не се предаде и во судиското продолжение успеа да израмни. Резултатот остана во втор план поради ремек-делото на Балард, кое сигурно ќе се најде меѓу најатрактивните голови кандидати за престижното признание.