Не ја понижи само Македонија, Асенсио закова ремек-дело и во голот на Барселона (ВИДЕО)

Реал Мадрид ја суреди Барселона на „Камп Ноу“, а капак на понижувањето стави Марко Асенсио, со голот за 3-1, кој беше негово препознатливо ремек-дело. Асенсио ја закова топката каде што се спојуваат пречката и дирекот и потсети на нашите болни спомени од јуни месец, кога ѝ даде хет-трик на Македонија на ЕП во Полска за фудбалери до 21 година. Првиот од тие три гола беше уште пострашна мајсторија.