„Кралот“ ја покори Каталонија, Реал ја понижи Барселона! (ВИДЕО)

Реал Мадрид ја победи Барселона со 3-1 на „Камп Ноу“ во рамки на првиот натпревар од Суперкупот на Шпанија.

Првото сезонско „Ел Класико“ ги оправда очекувањата, бидејќи видовме од се по нешто. Прекрасни голови, автогол, непостоечки пенал и непостоечки црвен картон. Некако стандард кога играат најлутите ривали во Шпанија.

По мирното прво полувреме, двата тима како да се чуваа за вторите 45 минути. „Кралевите“ поведоа благодарение на автоголот на Џерард Пике во 50-тата минута. Во 76-тата минута Лионел Меси израмни на 1-1 од пенал, откако Луис Суарез изнуди непостоечки пенал од голманот Кејлор Навас.

Тоа беше сигнал за Кристијано Роналдо да покаже што знае и умее. Португалецот со прекрасен гол во 80-тата минута погоди за водство од 1-2 на Реал Мадрид. При прославата Роналдо го соблече дресот и заработи жолт картон. Само 60 секунди подоцна главниот судија на натпреварот Бенгоечеа повторно ќе му покаже жолт картон поради наводна глума и обид да изнуди пенал по стартот на Умтити. 

Реал Мадрид и со играч помалку успеа да ја запечати победата благодарение на фантастичниот гол на Марко Асенсио само неколку минути откако влезе во игра. Реванш натпреварот се игра на „Сантијаго Бернабеу“ во среда.