Голман од Северна Кореја со рагби потег сруши противник, па се чудеше за црвениот картон (ВИДЕО)

Голманот Ан Тае-Сонг го остави на цедило својот тим од Северна Кореја, 4.25 СЦ откако заработи директен црвен картон по еден ужасен старт. 

Кореецот излезе надвор од својот шеснаесетник и со рагби потег го фаулираше противничкиот фудбалер. Најсмешна беше неговата реакција откако доби црвен картон од главниот судија и беше во неверување.