Гол од половина терен „ала Бекам“ во Серија Б! (ВИДЕО)

Во италијанската Серија Б вечерва падна гол, кој неодоливо наликува на совршеното ремек-дело на Дејвид Бекам од 1996 година, на мечот Манчестер јунајтед - Вимблдон. Овој пат се сретнаа Перуџа и Каљари, а за 3-0 уште по првиот дел се погрижи Бразилецот Пауло Изи, кој наместо да трча контра снајперски го лобува противничкиот голман.