Го реши ли Гризман финалето пред време? Атлетико води со 2-0! (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид продолжи да покажува зошто важеше за фаворит во финалето од Лига Европа, против Олимпик Марсеј, поведувајќи и со 2-0, рано во второто полувреме. Вторпат на мечот Антоан Гризман го совлада Манданда, оставајќи ги Французите со двојно повисока негатива, во ситуација кога играат без својот најдобар фудбалер, Дмитри Паје. Тој се повреди по 30 минути игра и мораше да ја напушти играта.