Барела го доведе Интер во водство со маестрален слободен удар! (ВИДЕО)

Во првиот меч од денешната програма во Серија А, Интер поведе на гостувањето кај Удинезе по неполни пет минути игра, благодарение на Николо Барела. Креативецот во црно-сино изведе безгрешен слободен удар и го отвори резултатот против ривалот кој е најпријатно изненадување во новата сезона. Удинезе влезе во овој меч како четвртопласиран, со еден бод повеќе од шестиот Интер. За Барела ова беше втор погодок, во четвртиот натпревар.