Барди погоди статива во Белград од околу 30 метра! (ВИДО)

Трабзонспор загуби на гостувањето во Белград, кај Ц. Звезда, со 1-2, а Енис Барди одигра 83 минути за турскиот тим. Македонскиот репрезентативец можеше да биде херој на Трабзон, ако во 34. минута успееше да постигне гол. Ја украде топката од Катаи, издрибла, дојде до околу 30 метри од голот на Борјан и шутна ниско, но топката заврши во десниот дирек на Борјан.