Пелистер во вториот дел го скрши храбриот Бутел
Победата битолскиот состав ја обезбеди со многу подобра игра во второто полувреме откако избраниците на Стоилов во првиот дел добро парираа и на паузата имаа само два гола негатива (12-14).
Сепак во вториот фаворитот „додаде гас“ и прими само девет гола, со што на крајот славеше убедлива победа од 13 гола ралзика.
Пелистер така дојде до четвртата победа во низа во првенството откако во првото коло ремизираше со Охрид. Филип Кузмановски денеска беше најрасположен со осум гола, додека Филип Михајловиќ за Бутел даде пет гола.