
Барди и Трабзон поразени од Ц. Звезда, Манчестер убедлив против Шериф! (ВИДЕО)
Првото поголемо возбудување го приреди токму македонскиот репрезентативец, кој во 34. минута биеше од далечина и ја погоди стативата од голот на Борјан. Домаќините ги израдува Катаи во 37. минута, но радоста траеше две минути, бидејќи Турците изедначија преку Бакасетас, по што на паузата важеше 1-1. Звезда имаше помалку од играта и од шансите во второто полувреме, но беше поконкретна, па преку Пешиќ, во 64. минута постави водство кое го одбрани до крајот. Енис Барди беше стартер за Трабзон, а беше повлече на клупата во 83. минута.
Оваа победа значи зрак на надеж за Звезда, која сега дојде до шест бода, колку што има и Трабзон и тоа со слична гол-разлика. Но, во последното коло, црвено-белите гостуваат кај Монако, кој е втор со седум бода, додека Трабзон на домашен терен игра против Ференцварош, кој е загарантирано прв, со 10 бода.
Најзвучниот клуб во групната фаза од Лига Европа, Манчестер јунајтед, ја запиша и четвртата победа, со 3-0 против Шериф на „Олд Трафорд“, но ни тоа не го доближи до првото место во групата Е, затоа што Реал Сосиедад победи со 2-0 на гостувањето кај Омонија и замина на 15 бода, три повеќе од „ѓаволите“. За да го симнат од врвот, треба да го совладаат на гости и тоа со два разлика. Головите за Манчестер ги дадоа Далот во првото полуврме, Рашфорд и Роналдо во второто.
РЕЗУЛТАТИ ЛИГА ЕВРОПА, 5. КОЛО
ГРУПА А
ПСВ – Арсенал 2-0
Цирих – Бодо/Глимт 2-1
ТАБЕЛА: Арсенал 12, ПСВ 10, Бодо/Глимт 4, Цирих 3
ПОСЛЕДНО КОЛО: Арсенал – Цирих, Бодо/Глимт – ПСВ
ГРУПА Б
Фенербахче – Рен 3-3
АЕК Ларнака – Динамо Киев 3-3
ТАБЕЛА: Рен 11, Фенербахче 11, АЕК Ларнака 4, Динамо Киев 1
ПОСЛЕДНО КОЛО: Рен – АЕК Ларнака, Динамо Киев – Фенербахче
ГРУПА Ц
Лудогорец – Бетис 0-1
ХЈК – Рома од 21ч.
ТАБЕЛА: Бетис 13*, Лудогорец 7, Рома 4, ХЈК 1.
ПОСЛЕДНО КОЛО: Рома – Лудогорец, Бетис – ХЈК
ГРУПА Д
Малме – Ројал јунион 0-2
Унион Берлин – Брага 1-0
ТАБЕЛА: Ројал јунион 13, Унион Берлин 9, Брага 7, Малме 0
ПОСЛЕДНО КОЛО: Ројал јунион – Унион Берлин, Брага – Малме
ГРУПА Е
Манчестер јунајтед – Шериф 3-0
Омонија – Реал Сосиедад 0-2
ТАБЕЛА: Реал Сосиедад 15, Манчестер ј. 12, Шериф 3, Омонија 0
ПОСЛЕДНО КОЛО: Реал Сосиедад – Манчестер ј., Шериф - Омонија
ГРУПА Ф
Лацио – Митјиланд 2-1
Штурм Грац – Фејнорд од 21 ч.
ТАБЕЛА: Лацио 8, Фејнорд 5, Штурм Грац 5, Митјиланд 5
ПОСЛЕДНО КОЛО: Фејнорд – Лацио, Митјиланд – Штурм Грац
ГРУПА Г
Фрајбург – Олимпијакос 1-1
Нант – Карабах 2-1
ТАБЕЛА: Фрајбург 13, Карабах 7, Нант 6, Олимпијакос 2
ПОСЛЕДНО КОЛО: Карабах – Фрајбург, Олимпијакос – Нант.
ГРУПА Х
Ц. Звезда – Трабзонспор 2-1
Ференцварош – Монако 1-1
ТАБЕЛА: Ференцварош 10, Монако 7, Трабзонспор 6, Ц. Звезда 6.
ПОСЛЕДНО КОЛО: Монако – Ц. Звезда, Трабзон - Ференцварош