Во Германија владее ракометна треска: Шест милиони го гледале мечот со Кореа!

Светското ракометно првенство во Германија и Данска почна завчера, веќе се одигра првото коло, а Германија очигледно ја тресе ракометна треска, објавија медиумите во земјата на ко-домаќинот, зашто гледаноста на воведниот меч со Кореја е неверојатен.

Како што објави телевизијата ЗДФ, која е достапна на сите гледачи во Германија, вкупно околу 6,11 милиони луѓе го гледале воведниот меч на Германците на ракметниот Мундијал, што било 23,56 отсто од вкупниот број на гледачи кои во моментот гледале телевизија на малите екрани.

Ова е само еден доказ за тоа колкав е интереснот за ракомет во Германија, па и зашто пстојано Келн е домаќин на завршниот турнир во ракометната Лига на шампионите, а Бундеслигата има поголем значај отколку ЛШ низ сите овие години. Едноставно Германците го обожуваат ракометот.

ЗДФ ги има правата за германската репрезентација, за разлика од претходните два Мундијали кои одеа на кабелска телевизија (2015), односно на интернет (2017).