Вардарецот Јасухира барал пари за да игра за својата репрезентација!

Репрезентацијата на Јапонија се подготвува за својот настап на Светското првенство во Хрватска каде што ќе игра во група со Шведска, Шпанија и Чиле.

Пред почетокот турнирот селекторот на репрезентацијата Тони Херона даде изјава која го привлече вниманието на медиумите.

Имено, во интервју за „Хендбол-Планет“ Херона откри дека поранешниот ракометар на Вардар, Косуке Јасухира и Јуки Јошида побарале пари за да ги бранат боите на националниот тим.

„На Светското првенство одиме со само осум ракометари кои беа дел од олимпискиот состав. Јасухира и Јошида побараа да добијат плата за да настапат на Светското првенство. Се обидов да им објаснам дека станува збор за репрезентација. Сепак, тие се млади и се надевам дека наскоро ќе го сменат мислењето. Имаме 10 ракометари во составот без меѓународно искуство и можам да кажам дека овој тим е два чекори поназад во однос на квалитетото и искуството во однос на тимот со кој настапивме на Олимписките игри“, изјави Херона.