Србија ќе се трка со Македонија за вајлд-карта за СП 2021

Македонската ракометна федерација пред неколку дена побара вајлд-карта од ИХФ за Светското првенство (СП) во 2021 година, но ние не сме единствена репрезентација која бара такво нешто бидејќи денеска се приклучи и Србија со исто барање.

ИХФ треба да додели специјални покани за настап на СП во Египет, а во конкуренција за такво нешто се и Црна Гора и Полска.

„Ракометниот сојуз на Србија е подготвен финансиски и организациски да ја искористи шансата која му е нуди за натпреварувањето. За потсетување, машката репрезентација на Србија од 2009 година учествуваше на 10 од 12 европски и светски првенства“, соопштија од Србија.