Поранешниот селектор на Франција нов предводник на Црна Гора
Динар на клупата во Црна Гора го наследува Владо Шола кој доби отказ во мај. Дебито Динар ќе го има на 6 ноември кога Франција ќе игра против Финска во Подгорица на стартот од квалификациите за Еавропското првенство во 2026 година.
Како играч Динар освои десет златни медали од големите натпреварувања, а на клупски план ја освои и Лигата на шампионите.
Во тренерската кариера прво беше асистент во националниот тим на Франција од 2013 до 2016 година, а потоа и селектор до 2020 година. Селектор беше и на селекцијата на Саудиска Арабија.