Поранешен шведски репрезентативец загина во трагична несреќа

Поранешниот шведски ракометар Фредрик Ларсон пред два дена го загубил животот во ужасна несреќа во Лерум во близина на Гетеборг. 

Тој се возел со својот велосипед, кога бил удрен од камион. Полицијата го истражува случајот за да утврди кој бил виновен за несреќата, а возачот на камионот веднаш е повикан на разговор во полициска станица, но засега не е приведен.

Ларсон имаше 36 години, а ракометната кариера ја заврши во 2016 година. Играше за тимовите на Хамарби,Сковде, Истадс, шпански Арагон, потоа во Германија го носеше дресот на Гумерсбах, а играше и за Савехов и Алингсас.

За шведската сениорска репрезентација настапи на 36 натпревари.