Парондо остана без медал: Египет во драматичен финиш загуби од Шпанија

Поранешниот тренер на Вардар, Роберто Парондо остана без медал на Летните олимписки игри (ЛОИ), откако неговата репрезентација загуби од Шпанија со 31-33.

Египет имаше водство само на почетокот од 5-3, но потоа Шпанија ја презема предноста и до крајот на првото полувреме создаде сигурно водство од три гола (16-13).

Во вториот дел Египет заигра подобро и ја стопи предноста на Шпанија, па неколку пати израмнуваше, но не успеа да направи и пресврт, па Шпанија славеше со 33-31.

Ел Амар постигна осум голови за Египет во поразот, додека кај Шпанија најефикасен беше Гомез со осум погодоци.