Норвешка ја распарчи Шведска и се утеши со бронза на ЛОИ

Фаворитот за златен медал на ракометниот турнир на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио, Норвешка мораше да се утеши со бронзен медал откако ја декласираше Шведска со 36-19.

Норвежанките одиграа одличен натпревар во кој постојано ја имаа контролата врз мечот и во првото полувреме на нивните противнички им дозволија да постигнат само седум гола (19-7), по што беше јасно кој ќе го освои бронзениот медал.

Најдобри во победата на Норвешка беа Дале и Мерк со по осум погодоци, додека кај Шведска по четири гола постигнаа Вестберг и Карлсен.