Милосављев станува голмански крал на Бундеслигата! (ВИДЕО)

Онаму каде што застана во дресот на Вардар, со кој ја освои Европа, српскиот голман Дејан Милосављев продолжува и со Фуксе Берлин.

Иако „лисиците“ немаат квалитет за да ја освојат титулата во Бундеслигата, сепак играат се подобро и подобро, што се потврдува со гостинска победа кај Магдебург од 29-27.

Одличен на голот беше феноменалниот Милосавњев, кој успеа да одбрани 17 топки, меѓу кои и четири седмерци.

Со оваа одлична партија тој само потврди дека се работи за еден од најдобрите голмани во Европа.