Исланд недораснат за моќната Германија, Данска ја суреди Унгарија

Данска продолжи со одличните настапи на Светското првенство, откако денеска беше премоќна за составот на Унгарија со 25-22, па така ја запиша шестата победа на натпреварувањето.

Данска и Унгарија го почнаа борбено натпреварот, па резултатот по неколку акции беше 2-2, а потоа еден од домаќините на Мундијалот почна да игра подобро, па до полувремето од дуелот стигна до водство од пет погодоци (15-10).

Во вториот дел Данска го одржуваше високо темпо, па стигна и до шест гола предност (21-15), но потоа следуваше благ пад во финишот за конечен триумф од 25-22.

Најефикасен ракометар на натпреварот беше Данецот Микел Хансен со седум постигнати погодоци.

Во вториот вечерашен натпревар Исланд се обиде, но не успеа да ја совлада моќната Германија, која беше подобра со 24-19.

На самиот старт на натпреварот Германците беа подобар противник и имаа предност од три гола (5-2), но потоа следуваше пресврт и водство на Исланд од 7-6.

Сепак, радоста на Исланѓаните не траеше долго бидејќи до крајот на полувремето Германија стигна до 14-10, а со својата добра игра продолжи и во вториот дел, па во еден момент имаше и шест гола предност (23-17), но на крајот триумфираше со 24-19.

Најдобар ракометар на натпреварот беше Германецот Штефан Фет со шест постигнати погодоци.