Гурбиндо со поздрав до Македонија од ОИ во Токио (ФОТО)

Шпанскиот ракометен репрезентативец, Едуардо Гурбиндо, кој во новата сезона ќе го носи дресот на Вардар, веќе Македонија ја чувствува како своја. 

Тоа е секако најмногу поради неговата сопруга Елена, која е Македонка. Додека е на Олимписките игри со својата Шпанија, од Токио упати поздрав до Македонија. На „Инстаграм“ го фотографираше македонското знаме и ја тагна својата сопруга. 

По завршувањето на Игрите, Гурбиндо веднаш ќе му се приклучи на Вардар на подготовките за новата сезона.