Дувњак патосира противнички ракометар со шут (ВИДЕО)

Хрватската ракометна ѕвезда Домогој Дувњак немаше намера, ама успеа така да нокаутира противнички играч со топка, што тој не можеше да стане од подот во дербито на Кил и Фленсбург во германската Бундеслига.

Кил триумфираше со 20-18 во многу цврст меч, а најдобар поединец на мечот беше Дувњак. Сепак, ќе остане запаметен, како од пола метар го погоди директно в лице противничкиот ракометар и го патосира.

На крајот, Дувњак се извини дека немал намера да го повреди противникот.