Бразил ја декласира Шпанија на стартот на ЛОИ 2024

На Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз беше одигран уште еден меч на ракометниот турнир, а убедлива победа запиша Бразил против Шпанија со 29-18.

Бразил од почетокот на средбата водеше и на полувреме замина со предност од 15-10, по што Шпанија не успеа да ја врати неизвесноста во вториот дел.

Најефикасна кај Бразил беше Матиели со шест погодоци, додека Лопез постигна пет голови за Шпанија.

Холандија претходно славеше против Ангола со 34-31, додека Словенија загуби од Данска со 19-27.