Вардар ги дозна ривалите во Европската лига

Поранешниот македонски и европски шампион Вардар денеска ги дозна сите противниците во Лигата на Европа, откако вечерва беа одиграни неколку нокаут-дуели во натпреварувањето на ЕХФ.

Веќе беше познато дека Вардар ќе се соочи против Порто, а по вечерашните дуели дозна и дека ќе игра против Валур и Мелсунген.

Валур славеше против Спачва Винковци со вкупни 58-57 (34-25 и 24-32), додека Мелсунген беше подобар од Елверум со вкупни 64-54 (36-31 и 28-23).

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:

08/10/2024, Вардар – Валур

16/10/2024, Мелсунген – Вардар

 22/10/2024, Вардар – Порто

30/10/2024, Порто – Вардар

18/11/2024, Валур– Вардар

26/11/2024, Вардар – Мелсунген