Крос: Да ги пресметам и головите од тренинг, немам колку Роналдо!

Поранешниот германски фудбалер Тони Крос имаше интересен коментар на рекордот на Кристијано Роналдо, кој стигна до 900 голови во кариерата.

Роналдо испиша историја со неговиот 900. гол, по што најави дека ќе „брка“ 1.000 погодоци, а потоа Крос се пошегува со неговиот рекорд.

„Да ги пресметам и головите од тренинг, немам колку Роналдо“, објави Крос.