Александар Коларов стана селектор

Поранешниот капитен на српската репрезентација, легендарниот Александар Коларов стана селектор на Србија до 21 година.

Коларов денеска стави потпис на двегодишен договор со Фудбалската федерација на Србија.

„Благодарен сум на ФСС за повикот да ја добијам оваа важна функција. Со нетрпение чекам да почнам да работам. Јас и мојот стручен штаб веќе почнавме да ги скаутираме фудбалерите и да се подготвуваме за работа со младите момци“, изјави Коларов на промоцијата.

Коларов од 2008 до 2020 година го носеше дресот на Србија и во тој период одигра 94 натпревари на кои постигна 11 погодоци. Во кариерата како фудбалер настапуваше за: Црвена звезда, Чукарички, ОФК Београд, Лацио, Манчестер сити, Рома и Интер.