Женската ракометна репрезентација убедливо поразена во првиот тест со Србија

Македонската женска репрезентација загуби со 21-34 од Србија во првиот од двата пријателски дуели против Србија во Бор.

Нашиот национален тим, кој по Европското првенство беше ослабен со пензионирањето на неколку важни ракометарки, не можеше да му парира на далеку поквалитетниот ривал за кој, меѓу другите, настапија и поранешните играчи на Вардар, Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ и на Металург, Катарина Крпеж кои се вратија во репрезентацијата. Србинките беа во водство безмалку цел натпревар, на полувреме беше 20-11, во 34. минута првпат разликата беше двоцифрена (22-12), а до крајот на мечот нашите ракометарки ретко се спуштаа на помалку од -10.

Вториот меч меѓу Србија и Македонија е на програмата утре, но тој ќе биде од затворен карактер.