Девојките ги дознаа потенцијалните ривали за баражот за пласман на СП во Јапонија
Македонија очекувано е во група на неносители на ждрепката, па како потенцијални ривали се селекциите на Данска, Шпанија, Германија, Унгарија, Црна Гора, Норвешка, Словенија, Србија и Шведска.
Мечевите во баражот ќе се играат во термините од 31 мај до 2 јуни за првите мечеви, односно од 4 до 6 јуни идната година за реваншите. Селекцијата која ќе биде прва извлечена ќе биде домаќин на првиот меч, а победниците од овие девет бараж-средби ќе се пласираат на Мундијалот во Јапонија.
Македонија пред две недели убедливо го заврши квалификацискиот циклус со три победи против Азербејџан, Исланд и Турција, на турнирот кој се играше во Скопје.
ГРУПА НА НОСИТЕЛИ: Данска, Шпанија, Германија, Унгарија, Црна Гора, Норвешка, Словенија, Србија и Шведска.
ГРУПА НА НЕНОСИТЕЛИ: Австрија, Хрватска, Чешка, Полска, Белорусија, Исланд, Македонија, Швајцарија, Словачка