Во Германија не смее да „снема душа“: Ракометарите акумулираат кондиција! (ФОТО)
На претходните три Светски првенства игравме пет меча во групата и уште еден во нокаут-фазата, а сега ќе играме минимум седум. Тоа би било во случај да не се пласираме меѓу првите три во групата, па да играме во т.н. Президент куп, за пласман од 13. до 24. место. Ако, пак, се пласираме во втората рунда, ќе играме најмалку уште три меча, значи вкупно осум, а потоа, во зависност од пласманот, можно е и девет и десет.
Затоа, како што потенцира и капитенот Лазаров, многу ќе биде важна физичката подготвеност. Ракометарите токму на тоа ги посветуваат овие први неколку тренинзи, додека се вклучи во работата и селекторот Раул Гонзалес. Уште синоќа имаа чисто кондициска програма со Кристијан Кајчевски, а така продолжуваат и денеска.
Македонија и на последното ЕП, во Хрватска, покажа дека драстично паѓа во втората фаза, а често некои од ракометарите се повредуваат затоа физичката сила ќе биде клучен фактор во обидите за што повисок пласман.