Велковски искрен: Лазаров е незаменлив, на мене е само да пробам да му се доближам!

Едно одлично прво полувреме, а потоа уште 30 минути за заборав одиграа македонските ракометни репрезентативци вечерва во пресметката со Данска во последниот меч на Европското првенство.

Разочарувањето беше очигледно кај сите во жолто-црвениот табор, а ретко кој наоѓаше сила да прокоментира тоа што се случуваше денеска, но и на целиот шампионат. Еден од нив беше и младиот Мартин Велковски, десниот бек кој доби голема шанса по повредата на Кирил Лазаров.

„На последните две средби ние помладите добивме поголема шанса. Тоа делумно функционираше добро, како во првите полувремиња со Чешка и со Данска, но вечерва во продолжението снемавме сили и се случи тоа штои се случи. Се надевам дека не ја разочаравме македонската публика со настапот на ЕП. Добив можност да играм место Лазаров, но тоа е играч кој речиси невозможно е да се замени. Само можам да се надевам дека со напорна работа во годините кои доаѓаат ќе успеам барем да се приближам до неговиот квалитет, знаејќи дека сите се навикнати од мојата позиција да се постигнуваа по десетина голови“, изјави 20-годишниот Велковски.