Убаво се „опарија“: Ракометарите ја добија наградата за пласман на ЕП 2020!
Македонските ракометари го освоија првото место во квалификациската група во која уште се наоѓаа и репрезентациите на Исланд, Турција и Грција, со што се најдоа во вториот барабан за извлекувањето на групите за континенталниот собир.
Ова ќе биде шесто учество на македонските ракометари на еден континентален собри по настапите во Италија (1998), Србија (2012), Данска (2014) и Полска (2016), Хрватска (2018).
Избраниците на селекторот Данило Брестовац на ЕП ќе играат во Виена и тоа во групата Б против Австрија, Чешка и Украина.