Томовски: Нека што Египет е квалитетен, ние му дозволивме да игра така!
Младиот голман на Лудвигсхафен доволно е зрел за да знае дека ова е екипен спорт и неговиот блесок, не е доволен да го осветли тимското бледило. Потенцира дека им недостига некоја искра на теренот.
„Сите сме дел од ова, не е важно што јас имав интервенции. Тука сме како тим и се надевам дека со Чиле ќе влеземе поагресивно и поангажирано. Ни недостига жар, ни недостига желба. Египет е квалитетна екипа, но ние им дозволивме така да се однесуваат. Мораме да се консолидираме денеска и добро да се подготвиме и да го дадеме најдоброто од нас утре“, рече Томовски
На утрешниот натпревар со Чиле, од 15.30 часот, Македонија оди на победа, која ќе значи пласман во втората фаза од првенството.