Стравичен пад на шампионот во Мото ГП за време на тестирањата во Малезија (ВИДЕО)

Тестирањата за новата сезона во Мото ГП се во полн ек на патеката „Сепанг“ во Малезија, но ноќта меѓу вторник и среда по средноевропско време беше одбележана со сериозен инцидент – возачот на Априлија и актуелен шампион, Хорхе Мартин, доживеа тежок пад.

Тој изгуби контрола над моторот во втората кривина, летна неколку метри и силно удри со главата од асфалтот. Според првичните информации, тој завршил во болница со болки во левото стапало и десната шака, а по падот бил подложен на детални лекарски прегледи. Ова не е прв пат шпанскиот возач да има незгода за време на тестирањата – претходно имал сличен инцидент, но со многу полесни последици.

„Штом имаме дополнителни информации за состојбата на Хорхе, ќе ја известиме јавноста“, стои во официјалното соопштение.

Пред несреќата, Мартин успеа да извозе 13 круга и се наоѓаше на 21. позиција.