Томовски: Овие натпревари ќе бидат од големо значење за нас помладите!

Македонската ракометна во следните неколку дена ќе одигра неколку пријателски натпревари пред Европското првенство во 2020 година.

На дуелите кои ќе се одиграат во Турција, селекторот Данило Брестовац ќе излезе на терен со подмладен состав против домаќинот и Италија, а меѓу повиканите е и Мартин Томовски.

Овие натпревари дефинитивно за нас помладите ќе бидат од големо значење, бидејќи добиваме шанса која треба да ја искористиме максимално. Турција е одличен противник, зборувам за првиот натпревар, се работи за солидна селекција. Имавме два меча во квалификациите, каде на гости среќно победивме, а потоа победивме и во Битола. Се познаваме со соиграчите, верувам дека сета енергија што ја имаме и фактот дека добро се знаеме, ќе ни биде од голема корист, изјави Томовски.