Талески: Бевме преопуштени, па после мораше да ги бркаме Русите!

Младиот лев бек во макеоднската репрезентација Филип Талески посочи по четвртиот пораз во низа на Светското првенство во Германија и Данска, денеска од Русија со 28-30, дека тој и неговите соиграчи преопуштено влегле во мечот и потоа брзо се нашле во проблем да мора постојано да ја бркаат негативата во која се најдоа.

Талески денеска даде три гола, па со Гоце Георгиевски го делеа третото место на листата на стрелци во нашата селекција. Младиот бек посочи дека Македонија требала да ја победи Русија, но...

„Ние првпат не играме во главната рунда и тоа си донесе свои моменти. Игравме со Русија, која е одлична селекција, оја во составот има доста познати за нас ракометари. Но, ние бевме преопуштени, промашивме многу шутеви. Русија е добра селекција, но ние денеска ребаше да ги победиме. Требаше да бидеме подобри и да се радуваме. На стартот направивме неколку грешки, по што тие направија предност и ние мораше да ги бркаме цел меч. А, кога го бркате резултатот секогаш е потешко да стигнете до целта“, рече Талески.