Стојановиќ го објави поширокиот список за ракометари за ЕП во Словенија

Младинската ракометна репрезентација на Македонија ќе настапи на Европското првенство (ЕП) за ракометари до 20 години, кое ќе се одржи во Словенија од 10 до 21 јули.

Селекторот Раде Стојановиќ го објави поширокиот список на ракометари, односно на истиот се наоѓаат 35 репрезентативци.

Македонија е дел од групата А заедно со селекциите на Австрија, Хрватска и Црна Гора.