Стартуваат подготовките за СП 2025: Ракометарите од денеска во Стара Пазова
Македонија своите натпревари ќе ги игра во Вараждин, Хрватска, а домаќини се уште Данска и Норвешка.
Подготовките селекторот Лазаров ги започнува со 20 ракометари кои се најдоа на неговиот список.
Првенството Македонија ќе го започне со Унгарија на 15 јануари, два дена подоцна играме со Гвинеја, а првата фаза ја завршуваме со дуелот со Холандија на 19 јануари.