Серафимов: Противникот делува страшно, но ние сакаме да одиграме најдобро што можеме
Македонија на стартот игра против домаќинот Данска, јасно е кој е фаворит на овој меч, но нашите ракометари не планираат да се предадат.
„Пред мечот со Данска, чувствата кај нас се специфични, но треба да се знае дека ова е само еден обичен натпревар, почнуваме од 0-0, треба да настапиме како против кој било друг ривал и да се обидеме да избориме добар резултат. Противникот е одличен, сите ракометари играат во врвни клубови и тоа, барем на хартија, делува страшно.
Но, како што реков, ние излегуваме на терен за да одиграме најдобро што можеме. Кај нас нема калкулации и ако одиграме најдобро што знаеме, можеме да извлечеме добар резултат. Спортски е да се надеваме на успех, но од нас зависи како ќе влеземе во мечот и како ќе одиграме“, рече 25-годишниот репрезентативец на Македонија.
Натпреварот меѓу Данска и Македонија е на програмата дод 20:30 часот, а претходно, од 18 се среќаваат Романија и Португалија.