Се виде силата на кадетите: Македонија ја растури Србија!

Македонските кадети на вториот тест на традиционалниот турнир во Бугојно славеа со убедливи 35-26 против Србија.

Македонија одлично го отвори мечот со серија од 3-0, по што противниците се обидоа да ја намалат негативата, но нашите кадети ја одржуваа предноста од четири гола (10-6), а до полувреме стигнаа и до убедливи 16-7.

Во вториот дел повторно следуваше доминација на македонските кадети, кои ја одржуваа предноста, а во еден момент стигнаа и до 23-12. Сепак, српската репрезентација успеа да намали во финишот на конечни 26-35.

Костески беше најефикасен во редовите на Македонија со 13 погодоци, а кај Србите најдобар беше Радовиќ со шест голови.

Македонската селекција утре треба да се пресмета со Швајцарија, со која имаше два важни дуели минатото лето на ЕХФ-шампионатот во Грузија. Тогаш во групната фаза успеавме да ги совладаме, но потоа загубивме во завршницата и го освоивме четвртото место.