
Саздовска: Ривалите се силни, но нема да истрчаме со бело знаме!
Во тој контекст е и размислувањето на Јована Саздовска, левото крило во националниот тим, која посака голема поддршка од трибините со која полесно би ситгнале барем до едно изненадување.
„Свесни сме за квалитетот на противниците, кои се во кремот на Европа. Имаме навистина тешка група, но нема да истрчаме на терен со бело знаме, туку веруваме дека можеме да добиеме некој натпревар. Одиме на барем една победа, а најголема можност веројатно ни е дуелот против Романија. Почнуваме со Франција, меч кој ќе биде многу тежок, но мислам дека со срце на терен ќе можеме да се надигруваме со секого. Очекувам полна сала и поддршка од македонската публика“, изјави Саздовска.
Македонија утре ќе ги одмери силите со актуелниот олимписки шампион Франција, два дена подоцна играме со Холандија, додека групната фаза ја завршуваме со мечот против Романија на 9 ноември.