Савевски скрати пет имиња, со 30 ракометарки против Црна Гора

Македонската женска ракометна репрезентација ќе содржи 30 ракометарки на подготовките за пријателскиот двомеч со Црна Гора, во октомври.

Селекторот Љубомир Савевски скрати пет имиња од првичниот, поширок список: Николиќ од Металург, Јанкуловска од Пелистер, Тошевска од Вардар, Пешиќ од Гитерслох и Богоеска од Деспина. 

Подготовките ќе почнат на 30 септември со 21 ракометарка од домашните клубови, а деветте интернационалки ќе допатуваат три дена подоцна..

Со Црна Гора играме на 7 октомври во Скопје и на 10 во Подгорица.. Тоа е термин за ЕХФ-неделата, во кој останатите европски селекции ќе ги почнат квалификациите за Европското првенство во 2022 година, на кое Македонија е директно пласирана како кодомаќин, со Црна Гора и со Словенија.