Само Македонија ќе нема бод во новата група: Словенија подобра од Белорусија, дербито за - Шведска

Словенија ја победи Белорусија со 29-25 за да пренесат два бода во следната фаза, а Шведска го доби дербито од нашата група против домаќинот Египет со 24-23, во третото коло на Светското првенство во Египет, па Македонија ќе биде единствена без бод во следната група која се формира после завршувањето на првиот круг на Мундијалот.

После комплетирање на групите денеска, Шведска ќе има 4 бода, Русија влегува со три, Словенија и Египет со по два, Белорусија со еден, а Македонија без бод.

Словенија со серијата од 4-0 во воведниот период од второто полувреме за да исчекорат кон триумфот и од ремито 18-18 да стигнат до 22-18, па Белорусија потоа само бркаше разлика која најмногу што успеваше е да се приближи на само гол негатива, но Словенија успеваше да се врати на пристојна предност и да победи на мечот. Русија со три бода оди во вториот круг, Словенија пренесува два, а Белорусија еден од ремито на стартот со Русите.

Блаж Јанц даде осум гола, а Јуре Доленец погоди седумпати и овој двоец беше предводник на Словенија за триумфот против Белорусите во мечот на кој беа фаворити.

Шведска го доби дербито со Египет иако на полувреме имаше минус три (9-12), а Египет имаше најголеми плус четири (10-14) на стартот на вториот дел по што Шведска набрзина успеа да им ја стопи негативата со серија 5-1 за да стигне до 16-16, а потоа во завршницата постојано да биде со гол предност и на крајот да триумфира.

Персон со осум гола и Ване со пет беа најдобри стрелци кај Шведска, Санад даде осум, а Омар шест за Египет.

Шведска со четири бода, а Египет со два одат во следната фаза додека Македонија е единствена без бод во следната рунда.

Во другите два меча Португалија го победи Алжир со 26-19, а Франција ептен тесно со 25-24 славеше против Швајцарија