РФМ со милион денари ги награди младинците за херојскиот настап на ЕП!

Македонската младинска ракометна репрезентација одигра фантастичен турнир и заврши на деветтата позиција на неодамна завршеното ЕП во Целје, поради што челниците на РФМ итно донесоа одлука за нивно наградување и тоа во износ од – милион денари.

Оваа сума ќе биде поделена помеѓу играчите и членовите на стручниот штаб, кои дадоа се од себе и оставија фантастичен впечаток на континенталниот собир во Словенија. Младинците првенството го завршија со четири победи, две нерешени средби и само еден пораз и тоа од Франција во втората фаза по групи, на која потоа ѝ се реваншираа со триумф во битката за деветтата позиција.

На избраниците на селекторот Раде Стојановиќ малку им фалеше да се најдат меѓу осумте најдобри на ЕП, со оглед што со една победа и две реми пресметки беа една од двете третопласирани екипи во групите кои не обезбедија четврт-финална виза.