РФМ остро реагира на малтретирањето на навивачите: Аман луѓе, дојдовме во мир!
Тие, по казната од ИХФ и инцидентите на дуелот со Холандија, одлучија токму на овој мирен меч да ги спроведат најстрогите контроли врз македонските фанови. На ваквиот пристап реагираше генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски, кој го осуди начинот на кој биле третирани нашите навивачи.
„Честитки до нашите момци за победата, одиме во следната фаза. Напред, Македонија! Но, организацијата на вечерашниот натпревар беше под секое ниво“, напиша Милошевски, дополнувајќи со листа на забелешки.
❌ Активен беше само еден влез во арената.
❌ Жени и деца беа подложени на груби претреси од нервозни редари.
❌ „Опасни предмети“ вклучуваа кармини, лабело, сјај за уста и полначи за телефони.
❌ Нема простор за пушење, а оние што излегуваат мора повторно да поминат низ строга контрола на главниот влез. Аман, дојдовме во мир, најпријателски и најспортски“, заклучи Милошевски во својата реакција.
Македонија со оваа победа дојде до пласман во втората фаза на СП, каде што ќе ги одмери силите со Австрија (вторник), Катар (четврток) и со Франција (сабота).