Да не беше Алекса Аврамовиќ, некој од судиите ќе беше нокаутиран (ВИДЕО)

Грчкиот стручњак на клупата на ЦСКА Москва, Андреас Пистолис беше во центарот на вниманието на неговиот тим и Локомотив Кубан, во рамките нна ВТБ лигата.

Во финишот од мечот, тој толку беше изнервиран од една судиска одлука што тргна да ги тепа судиите. Веројатно некој од арбитрите ќе беше нокаутиран ако на патот на Пистолис не се испречеше српскиот репрезентативец Алекса Аврамовиќ кој го фати за рацете и успеа да го смири.

Пистолис потоа беше исклучен, а ЦСКА го претрпе четвртиот пораз откако загуби со 104-106, но тоа не донесе промени на чело на табелата.