Интер во второто полувреме го скрши отпорот на Емполи за да остане во трка за титулата (ВИДЕО)
Се што беше важно на овој меч се случи во второто полувреме кога и беа постигнати сите четири гола. До 55. минута немаше голови, а потоа Лаутаро Мартинез го отвори резултатот. На десетина минути пред крајот на основниот дел Дамфрис го донесе Интер во водство од 2-0, Еспозито намали, но Турам во финишот го постави конечниот исход, на задоволство на домашните навивачи.
Со овој триумф Интер остана на три бода негатива во однос на лидерот Наполи, но со натпревар помалку.