Валенсија го напушти дното на табелата по првата победа уште од ноември (ВИДЕО)

Поранешниот шпански шампион Валенсија конечно се израдува на триумф во домашното првенство откако вечерва на домашен терен го совлада Сосиедад со 1-0.

Тоа е прва победа во Ла Лига за тимот од Местаља од 23 ноември 2024 година кога исто така пред своите навивачи го совладаа Бетис. Триумфот значи дека Валенсија конечно го напушта дното на табелата и со 16 бода се качи на 19. позиција.

Единствениот гол вечерва беше дело на Уго Дуро уште во 26. минута. Сосиедад беше подобар противник, создаде повеќе шанси, но не успеа да ја затресе противничката мрежа.