Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров за голови по првите три меча на СП!
Кузмановски во првите три натпревари против Унгарија, Холандија и Гвиенја постигна вкупно 31 гол со што го израмни рекордот на Кире Лазаров и Катарецот, Насер Ал-Сад.
Лазаров во кариерата двапати по првите три меча имаше постигнато 31 гол, прво во 2009, а потоа и во 2017 година, додека Ал-Сад тоа го напраив во 2005 година. Зад триото со по 31 гол следи Норвежанецот, Сандер Сагосен кој на Мундијалот во 2021 година во првите три дуели постигна 30 гола.
Инаку кога е апсолутниот рекорд во прашање тој е во сопственост на Лазаров од Мундијалот во 2009 година кој исто така се играше во Вараждин. Лазаров тогаш првенството го заврши со 92 гола.