РФМ бара поддршка од навивачите за осминафиналето против Португалија

Ракометната федерација на Македонија упати апел до навивачите во што поголем број да присуствуваат на вечерашниот дуел со португалската селекција и да помогнат на репрезентативците во обидот да изборат пласман во четвртфиналето на Светското првенство за играчи до 19 години.

Натпреварот почнува во 20:45 часот, а влезот е слободен.

Ракометната федерација на Македонија Ве поканува на ден 14.08.2019 со почеток во 20:45 часот во Спортскиот Центар Борис Трајковски да дадеме поддршка на нашите репрезентативци за 1/8 натпревар со репрезентацијата на Португалија, стои во повикот на РФМ.