Ракометарките повторно против Исланд во едни квалификации!

Македонските ракометарки ја добија групата за квалификации за Светското првенство во 2019 година, но немаа многу среќа во ждрепката во Глазгов.

Турција, Исланд и Азербејџан ќе ѝ бидат противници на Македонија во групата 4. Нашата репрезентација имаше статус на носител, меѓутоа еден од петте носители мораше да биде извлечен во вториот ред репрезентации, па токму нам ни падна таа (не)среќа.

Носител во групата 4 е Турција, Македонија е од вториот ред, а во третиот ред го добивме стариот познаник Исланд. Азербејџан би требало да биде аутсајдер во друштвово.

Сите победници од четирите групи се пласираат во баражите за СП, како и најдобрата второпласирана екипа.